Бибер 06 (2025)

Шестиот конкурс Бибер беше отворен од 8.12.2023 г. до 26.5.2024 г. На конкурсот пристигнаа 490 раскази. Жирито во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, избра 24 раскази кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка и донесе одлука за наградите. Еден расказ беше вклучен во збирката од страна на организациониот тим на конкурсот Бибер.

Наградени раскази се следните:

Прва награда: Момчето што ги сакаше ѕвоната од авторката Владимира Бециќ од Дуго Село
Втора награда: Тела од вода од авторката Моника Херцег од Загреб
Трета награда: Erzähle mir etwas über dich од авторката Данијела Репман од Сомбор

Преводот на албански јазик го направија Ќерим Ондози и Илир Ајдини, преводот на македонски Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Илир Ајдини, а преводот на БХСЦ го направија Ѓорѓе Божовиќ, Лидија Бариќ и Ирена Шентевска.

За илустрацијата на кориците заслужна е Јана Даниловиќ.

 

Preuzmi knjigu: PDF