Третиот конкурс Бибер беше распишан во јануари 2019 година. На конкурсот пристигнаа 464 раскази на албански, македонски, босански, хрватски, црногорски или српски јазик. Во жирито беа Румена Бужаровска, Лејла Каламујиќ и Шкељзен Малиќи. Првата награда ја доби расказот Glava од Моника Херцег, втората награда ја доби расказот Lito од Анте Сториќ а третата награда Mačetom ćeš me, mačetom ću te од Тамара Ковачевиќ.







